Екипата на Милано со 79:74 славеше над Париз, во второто коло од Евролигата. Овој дуел беше и пресметка на двајца македонски репрезентативци, а на крајот се радуваше Ненад Димитријевиќ против Ти Џеј Шортс.
Димитријевиќ постигна девет поени сите од удари за три поени (3/7), додека на спротивната страна Шортс беше најефикасен во тимот на Париз со 17 поени, 8 асистенции и 4 скока.
Уште од самиот почеток се најави дека ова ќе биде неизвесен меч до крајот. По првата четвртина Милано водеше со 20:18, а домаќините имаа предност во поголем дел од вториот перод, но потоа Париз со серија од 13:2 стигна до предност од 39:35 на полувреме.
Гостите во речиси цела трета четвртина водеа, најмногу со 47:40, но во пресрет на последните 10 минути, Милано поведе со 58:57. Париз брзо ја врати преноста на почетокот на последната четвртина и гостите водеа со до 39 минута, кога Милано од 69:73 стигна до 76:73 и потоа до крајот ја сочува предноста.
BADABOOOOM 🤯🔨
KEVARRIUS AIR HAYES ! pic.twitter.com/IHq0VFMhq5— Paris Basketball (@ParisBasketball) October 11, 2024
Барселона без многу проблеми со 88:73 славеше над Алба Берлин. Каталонскиот гигант ги доби сите четири четвртини и се израдува на првата победа во оваа сезона, додека тимот од Берлин има два порази.
Домашниот терен го искористи и Олимпијакос кој со 74:68 славеше над Жалгирис. Фуриозно одигра грчкиот гигант во првата четвртина која ја доби со убедливи 21:6 и потоа во ниту еден момент не му дозволи на противникот да се понадева дека може да ја достигне негативата.