Димитријевиќ и Хувентуд елиминирани од Виртус во Еврокупот (видео)

Хувентуд Бадалона на Ненад Димитријевиќ, претрпе елиминација од Витрус Болоња во четвртфиналето од Еврокупот, откако во реваншот Хувентуд не успеа да надополни -5 негатива и загуби со 76:82. Тимот на нашиот репрезентативец речиси цел натпревар бркаше голема негатива за на крајот да приреди драматичен финиш, во кој за жал не се најдоа сили за сензација.

Тимот од Болоња по добиениот прв меч со 80:75, реши и во реваншот да издоминира, па така составот на Саша Ѓорѓевиќ до паузата меѓу двете полувремиња изгради двофицрена предност при резултат 31:43. Набрзо по стартот на третиот период Хувентуд се најде во огромни проблеми, но негативата од 23 поени брзо беше стопена на -10 пред завршната делница.

Хувентуд со доста борба успеа потполно да се врати во игра, по што во последните четири минути дојде и до минимално водство. За жал на шпанскиот тим, Виртус на искуство не дозволи шок, направи нов пресврт и со цврста одбрана, но и клучната тројка на Теодосиќ за +6 на 26 секунди до крајот, се избори за топ 4 пласман во Еврокупот.

Димитријевиќ на паркетот остана вкупно 13:09 минути во кои забележа 7 поени, 3 скока и една асистенција, додека Басас како најефикасен на средбата со 26 поени не беше доволен за домаќините. Теодосиќ и Хантер со по 17 поени го предводеа Виртус.

- Оглас -

Најнови вести