Димитријевиќ кандидат за најдобар млад кошаркар во Шпанија

Македонскиот плејмејкер и репрезенативец Ненад Димитријевиќ се најде во изборот за најдобар млад кошаркар во шпанската Ендеса лига. Организаторот на игра кој ги брани боите на Хувентуд во актуелната сезона добро се покажа во шпанскиот шампионат, но и на меѓународно ниво, а сосема заслужено во голем дел од натпреварите беше и во првата петорка добивајќи сериозна минутажа.

Нено се најде на списокот од 12 млади кошаркари, а гласањето ќе трае до 24 јуни. Во изборот одлучуваат гласовите на фановите, тренерите од Ендеса лигата и самите играчи.

Димитријевиќ оваа сезона во 21 првенствен меч бележеше просек од 8 поени и 3,3 асистенции за 18 минути по натпревар, додека во Еврокупот пред прекинот на сезоната имаше двоцифрен учинок од речиси 12 поени и четири асистенции по натпревар на вкупно 15 одиграни натпревари.

- Оглас -

Најнови вести