Димитријевиќ никако да дојде до победа во Тенерифе

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, заврши со двоцифрен учинок од 10 поени и три асистенции во поразот на Хувентуд од Тенерифе со конечни 86:82.

Продолжува низата на екипата од Бадалона на осум последователни гостински порази на Канарските Острови, меч во кој Димитријевиќ за 20 минути поминати на паркетот не можеше да му помогне на Хувентуд да избегне ново разочарување.

Како и да е, Нено го одржува двоцифрениот учинок во поени од стартот од сезоната, што е многу важно за кревање на нивото на игра.

- Оглас -

Најнови вести