Димитријевиќ солиден во новата победа на Хувентуд во Еврокупот

Хувентуд има максимален учинок по првите две кола од групната фаза во Еврокупот по победата над Бург со конечни 84:77. Ненад Димитријевиќ не беше ефикасен како во победата над Партизан, во која запиша 14 поени, но придонесе за неговиот тим да го одржи победничкиот ритам на стартот од новото издание на меѓународниот шампионат.

Димитријевиќ запиша 9 поени и 7 асистенции за помалку од 20 минути на паркетот, а во статистиката додаде и три скока. Минатото коло во АЦБ-лигата, Димитријевиќ реализираше 12 поени во триумфот на Хувентуд над Андора, па може да се каже дека Нено најавува уште една забележлива сезона и постепено чекори кон двоцифрен просек во поени.

 

- Оглас -

Најнови вести