Хувентуд ја извојува и петтата победа во петтиот настап сезонава во кошаркарскиот Еврокуп. Шпанскиот тим вечерва во драматичен меч, по петминутно продолжение, триумфираше на гостување кај Уникс Казан со 93-91.
Македонецот Ненад Димитријевиќ во победата придонесе со 17 поени за 34 минути, со што беше втор стрелец кај Хувентуд. Во последниот напад од регуларниот дел, Нено имаше непрецизен обид за три поени, но, за негова среќа, на крај не испадна трагичар. На нашиот кошаркар не му одеше шутот за тројка, ги утна сите шест обиди. Во екстра периодот од пет минути, Хувентуд до победата дојде со кошот на Владимир Бродзијански на две секунди до крајот.