Димитров го фати Медо на спиење – Со невиден пресврт приреди сензација, се радува и Ѓоковиќ (Видео)

Григор Димитров направи чудо во осминафинафиналето на АТП-турнирот од Мастерс серијата 1000 во Индијан Велс и со победа од 2:1 го елиминира шампионот од Отвореното првенство на САД, Данил Медведев.

На успехот на Димитров се радува и Новак Ѓоковиќ, кој ќе остане на врвот на АТП-листата на крајот од сезоната. Бугарскиот тенисер го загуби првиот сет со 4:6 и потоа имаше негатива од 1:4, откако големиот фаворит Медведев двапати направи брејк. И кога се очекуваше рутинска победа на Русинот, се случи чудо и голем пресврт.

Димитров во ситуација во која немаше веќе што да загуби се разигра и со серија од 5:0 го доби вториот сет со 6:4 и израмни на 1:1. Блескавиот настап на Димитров продолжи и во решвачкиот сет. Поведе со 5:1 во гемови и без мака со 6:3 го заврши мечот и големото изненадување на Индијан Велс.

Во четвртфиналето Димитров ќе игра против Полјакот Хуркач.

- Оглас -

Најнови вести