Димитров загуби од тенисер кој носеше маичка како неговата легендарна тренерка

Бугарскиот тенисер Григор Димитров е елиминиран во второто коло на Отвореното првенство на Австралија. Тој по големата борба во пет сета, загуби од Американецот Томи Пол. Пол водеше со 2-0 во сетови, популарниот Гришо изедначи на 2-2, се играше супер тај-брејк во петтиот сет и тој му припадна на Пол со убедливи 10-3.

Димитров за првпат по 2013 година толку рано испадна на првиот Гренд слем во годината, па од понеделник, кога ќе се објави новата ранг-листа на АТП, тој нема да биде меѓу првите 20 на светот.

Но, она што го привлече вниманието на многумина е облеката на Пол. Тој играше во маичка со истите бои и шари како тренерката на Димитров поради која многумина му се смееја кога се појави во неа за првпат.

- Оглас -

Најнови вести