Далас маверикс по четири меча во претсезоната конечно запиша триумф, и тоа убедлив, ја совладаа Оклахома со 107:70 пред околу 15.000 гледачи во „Американ ерлајнс центарот“. Динамичното дуо Дончиќ – Порзингис за првпат проработе во целост, па двете ѕвезди на Далас остварија двоен учинок во првата нивна победа. Колку всушност Маверикс беа доминантни над Грмотевиците, говори статистиката. Во ниту една четвртина Далас не дозволи повеќеод 19 поени во својот кош.
Дончиќ како најефикасен на средбата заврши со 19 поени и 10 скока, а му недостасуваа три асистенции за трипл-дабл. Порзингис за малку повеќе од 25 минути реализира 17 поени и 13 скока. Од редовите на Оклахома најрасположени беа Гилџус-Александер и Галинари по 16 поени.
The @dallasmavs top OKC at home behind @luka7doncic & @kporzee! #NBAPreseason
Luka: 19 PTS, 10 REB, 7 AST
KP: 17 PTS, 13 REB pic.twitter.com/gmNbb229AB— NBA (@NBA) October 15, 2019
ЛА лејкерс и Голден стејт вориорс се сретнаа по вторпат во подготвителниот период, а Езерџиите повторно славеа над вицешампионот. Лејкерс во „Стејплс центарот“ ја запишаа втората победа во претсезоната со 104:98, а за триумфот да биде уште поимпресивен, екипата на Френк Вогел победи без главните ѕвезди Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.
Џејмс не одигра ниту една минута, додека Веѓата се повреди пред неколку дена, а добрите вести се што Дејвис постепено се враќа во натпреварувачки погон и многу веројатно ќе биде подготвен за стартот на новата сезона.
Во отсуство на Големите, шансата за блесок ја искористи новакот Зек Норвел, кој ги предводеше Лејкерс со 22 поени и четири скока. Во составот на Воините најразигран беше Стеф Кари со 17 поени кои ги оствари за 21 минута.
https://twitter.com/Lakers/status/1183970180910575617