Динамо е сè подалеку од титулата, Ристовски и Адеми убедливо поразени од Локомотива

Продолжува катастрофалната сезона за Динамо Загреб и нашите Стефан Ристовски и Аријан Адеми. „Модрите“ од Загреб играат катастрофално, а попладнево убедливо загубија од градскиот ривал Локомотива со 3-0.

Ристовски и Адеми беа стартери за Динамо, но не успеаја да му помогнат да дојде до поволен резултат. Десниот бек одигра 90 минути, додека Адеми беше заменет во 77-мата минута.

Динамо Загреб останува на третата позиција со седум поени помалку од сплитскиот Хајдук, но и меч помалку од ривалот. Риека е второпласирана со бод повеќе од Динамо и ист број натпревари.

- Оглас -

Најнови вести