Динамо и Ференцварош одлични на гости, Олимпијакос со убава предност патува на Кипар (Видео)

Динамо Киев и Олимпијакос имаат голема предност за реванш-дуелите со Гент, односно Омонија, во финалето од квалификацискиот циклус за настап во Лигата на шампионите, а и Ференцварош има одлични 3:3 за последниот дуел против Молде пред фазата по групи во елитното натпреварување.

Популарниот Фради прокоцка предност од 2:0 во Норвешка, па се спасуваше од пораз откако Молде со три гола по ред направи пресврт и поведе со 3:2.

 

 

 

Сепак Унгарците покажаа дека се одличен тим и израмнија со голот на Каратин од пенал во 87. минута и се во предност, бидејќи реваншот ќе го играат на свој терен во Будимпешта.

Олимпијакос со два гола во второто полувреме ја победи Омонија и ќе има убава предност во реваншот во Никозија.

Блиску до настап во Лигата на шампионите е Динамо Киев по триумфот вечерва во Белгија против Гент.

Супријага погоди во раната фаза за предност на гостите од Киев, израмни Клејндинст, а Де Пења повторно им донесе предност и победа од 1:2 на Украинците.

 

- Оглас -

Најнови вести