Динамо испушти златна шанса за обезбедување нокаут-фаза во Лигата на Европа, шоу во Леверкузен (Видео)

Динамо Загреб дома одигра само 1-1 против Генк и испушти прекрасна прилика со победа да си обезбеди 16-финале во Лигта на Европа. Вака Модрите ќе треба да останат непоразени во последното коло, кога ќе имаат тешко гостување кај Вест хем, бидејќи Генк тешко дека ќе киксира дома против Рапид Виена.

Голот на Динамо што го даде Менало по феноменална асистенција на Теофил Кетрин може да го видите ТУКА. Аријан Адеми, кој е капитен на Динамо, беше стартер и одигра 76 минути, а Стефан Ристовски остана на клупата за резерви.

Важна победа од 1-0 извојува Црвена ѕвезда во Белград против Лудогорец. Сега српскиот првак е во добра позиција директно да оди во осминафиналето.

Најинтересно беше во Леверкузен, каде што Баер против Селтик водеше со 1-0, па губеше 1-2, но на крајот Фармацевтите победија со 3-2.

- Оглас -

Најнови вести