Динамо, Клуж и Ференцварош се „сигуриците“ во денешниот предлог-тикет

6729 Линколн – Клуж (18ч, квалификации ЛШ)

Клуж е првиот од големите фаворити кој треба да ја заврши работата уште во првата пресметка за да продолжи со походот кон групната фаза во ЛШ, па од романскиот гигант се очекува да ја оправда улогата.

Иако не може да се пофали со посебно добра форма во која Клуж претрпе два порази во последните пет меча, тимот од Гибралтар не е на рамниште со романскиот првак и му се предвидува дебакл во кој лесно може да прими три или повеќе гола.

Предлог тип: 2-2 & 3+ (2.45)

 

6732 Динамо Загреб – Омонија (20ч, квалификации ЛШ)

На големо изненадување, Динамо со пораз од Славен Беупо на домашен терен стартуваше во хрватското првенство, па тимот на Адеми и Ристовски мора да го поправи впечатокот во првата средба против Омонија. Мора да се искористи фаворитската улога и да се слави убедлива победа на „Максимир“ за да се задоволат апетитите на гигантот од Загреб.

Модрите важат за големи фаворити против непознатиот противник, кој пак имаше успешни подготовки и го освои кипарскиот Суперкуп седум дена пред оваа пресметка.

Предлог тип: 1 & 1+ пол. (1.80)

 

6731 Ференцварош – Жалгирис (20ч, квалификации ЛШ)

Ако се земат предвид последните неколку кола од минатата сезона во унгарскиот шампионат, како и подготовките заедно со победите над Приштина во првото квалификациско коло, Ференцварош е во неверојатна серија од 10 победи по ред и треба да се продолжи во ист ритам.

Дуелот во Будимпешта сигурно ќе им припадне на домаќините, а она што треба да се погоди е дали Ференварош ќе успее да постигне три или повеќе гола за да го одржи ефикасниот просек.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.97)

 

6730 Рапид Виена – Спарта Прага (20:30ч, квалификации ЛШ)

Пред околу 90 години, овие две екипи беа ривали во Централноевропскиот куп наречен Митропа, а првпат после тоа се сретнаа дури во 2011 година во пријателски меч. Ждрепката ги спои да се борат за пласман понатаму во квалификациите од најелитното европско натпреварување, за што на Рапид му припадна улогата на благ фаворит во првата средба.

Двете екипи се доста разиграни и со наместени нишани пред овој меч, со тоа што Рапид сака да се надоврзе со убедливиот триумф од 6-0 во австрискиот Куп против нисколигашот Викторија. Спарта, пак, од ова коло започнува со натпреварувачките обврски, а подготовките ги заврши со пораз од Волсфбергер и реми со Динамо Москва иако претходно нареди пет победи во кои постигна 24 гола.

Предлот тип: 3+ (1.80)

 

6733 Селтик – Митјиланд (20:45ч, квалификации ЛШ)

Селтик немаше толку успешни подготовки за да биде сигурен дека ќе ја добие првата пресметка против данскиот вицерпвак. Но, Митлијанд пред овој меч загуби од Оденсе, и тоа на домашен терен, што значи дека Келтите може да фрлат сол на раната доколку издвојат поволен резултат на „Селтик парк“.

Првпат двете екипи се во ситуација да ги одмерат силите во квалификации од најелитното европско клупско натпреварување, што ги отежнува работите при типување на мечот, но надежите се дека мрежите нема да мируваат.

Предлог тип: ГГ прво/второт (2.25)

- Оглас -

Најнови вести