Динамо победува и кога прима смешни голови (Видео)

Голманот на Динамо Загреб и хрватски репрезентативец, Доминик Ливаковиќ си постигна смешен автогол против Интер Запрешиќ, но неговиот кикс со три гола и победа од 3:2 го корегираа Аријан Адеми и соиграчите.

Ливаковиќ кој беше пред трансфер во Рен во зимскиот преоден рок, но остана да брани во Динамо, лошо го процени летот на топката во 39. минута, па центаршутот на Босец го изненади и сам си ја внесе топката во мрежата. Интер во тој момент израмни на 1:1, но сепак не успеа да се избори за поволен резултат на „Максимир“.

Киксот на голманот кој е проценет на сума од околу 10 милиони евра ја поправија Кадзиор и Гаврановиќ со по еден погодок во второто полувреме за триумф на лидерот и актуелен првак Динамо од 3:2.

Цел меч за популарните модри одигра нашиот репрезентативец Аријан Адеми, кој е капитен на тимот.

Автоголот на Ливаковиќ можете да го погледнете ОВДЕ.

- Оглас -

Најнови вести