Динамо претрпе температурен шок, на Исланд е 25 степени поладно

Динамо Загреб беше голем фаворит на првиот меч против Валур од Исланд и работите беа одлични за хрватскиот првак до неколку минути пред крајот. Модрите водеа со 3:0, а македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, кој даде два гола, во 82-рата минута промаши и пенал за 4:0.

Тоа ги охрабри гостите кои во 88-мата и 89-тата минута дадоа два гола и стигнаа до подносливи 2:3. Валур сега се надева дека на свој терен ќе даде еден гол, па со минимален триумф од 1:0 да го шокира големиот ривал.

Играчите на Динамо веќе доживеаа еден шок по слетувањето во Исланд. Температурата во главнот град Рејкјавик, каде што ќе се игра мечот, изнесува само 10 степени, дува ветер и врне дожд. Ова е драстично поладно од тоа какво е времето во Загреб, каде што температурата надминува и 35 степени.

Според коефициентите во Sport Life, Динамо е огромен фаворит да победи, но останува да се биде претпазлив, посебно поради временските услови во Исланд.

 

- Оглас -

Најнови вести