Динамо се брани и ги одбива понудите за Олмо

Дани Олмо засега останува во Динамо Загреб, откако популарните „модри“ ги одбиваат понудите за одличниот Шпанец. И тоа воопшто не се лоши за балкански услови, а Евертон и Баерн понудија најмногу по 28 милиони евра.

Сепак Динамо има поинакви планови за Олмо и бара над 30 милиони евра за да го продаде. Манчестер јунајтед понудил 25 милиони евра, но сега тоа е веќе завршена приказна, поради завршениот преоден ток во Англија.

Олмо беше купен од Барселона пред пет години за сума од еден милион евра, што се покажа како неверојатно добра комбинација за Динамо.

Младиот репрезентативец на Шпанија во континуитет игра добро, а летово со младиската селекција на својата земја стана и европски првак, а Олмо беше кандидат и за МВП на турнирот за играчи до 21 година.

- Оглас -

Најнови вести