Динамо Загреб со „петарда“ ја прослави титулата шампион на Хрватска

Загрепски Динамо е старо-нов првак на Хрватска. Модрите вечерва ја победија Ријека со 5-1, и имаат 10 бода предност пред вториот Осиек на три кола до крајот на шампионатот, што и математички значи нова титула за Динамо. Динамо сега во својата историја има вкупно 22 шампионски титули (од 29 сезони) првак на Хрватска.

Ријека поведе после само 21 секунди игра, но Динамо постигна пет погодоци од кои дури три беа автоголови, па гостите ги освоија трите бода кои им донесоа трофеј. Македонските репрезентативци Аријан Адеми кој е капитен на Динамо, и бекот Стефан Ристовски кој во клубот дојде зимоска, вечерва влегоа во игра во второто полувреме.

- Оглас -

Најнови вести