Динамо Загреб има нов вундеркинд – Реал Мадрид веднаш дава 10 милиони евра

Иван Шараниќ одигра само четири натпревари за првиот тим на Динамо Загреб, а за него веќе има одлична понуда од Реал Мадрид во висина од 10 милиони евра.

Кралскиот клуб сака веднаш летово да го ангажира новиот вундеркинд од веќе светски познатата младинска Академија на Динамо Загреб.

За Шараниќ уште лани беше заинтересирана Барселона преку својот скаут за Балканот, Горан Вучевиќ, кој е познат поранешен хрватски репрезентативец, но до трансфер на сега 18-годишното момче на „Камп ноу“ не дојде.

Играчот за врска, кој може да игра на неколку позиции, дури и како крило, сезонава беше прв стрелец на јуниорите на Динамо со 13 погодоци.

Има постигнато вкупно 82 гола во различни возрасни категории, сметајќи ги погодоците за Динамо и за хрватските национални селекции од 15 до 19 години, со што го привлече вниманието на европските гиганти.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести