Динамо Загреб не е Динамо Тбилиси, Астана ќе загуби на „Максимир“

6730 Жалгирис – Галатасарај (18.00 часот)

Струга беше блиску до дуел со турскиот првак, но литвански Жалгирис беше поснаодлив и ќе ја има честа да игра со Галатасарај. Истанбулските Црвено-жолти го немаат комплетирано составот, им фалат централни напаѓачи, летово си заминаа Икарди и Гомис, и тоа може да биде шанса за Жалгирис. Гостите се фаворити, но нема да им биде лесно, тешко дека е можна голеада. На последниот контролен меч на Галатасарај пред една недела, загубија од Штурм со 0-2, а пред тоа одиграа 1-1 со Австрија Виена.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.22)

 

6733 Динамо З. – Астана (20.00 часот)

Атмосферата во Динамо Загреб не е најдобра после поразот дома од Хајдук во првото коло на хрватското првенство, а ова им е шанса да се извадат. Казахстанскиот првак во претходното коло го елимиираше Динамо Тбилиси. За Астана играат Алекса Амановиќ кој има македонски пасош, и Дембо Дарбо, некогашниот напаѓач на Шкупи. Наш адут во редовите на Динамо е Стефан Ристовски, а домашниот терен треба да биде клучна предност за Модрите.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.03)

 

6044 Днипро – Панатинаикос (20.00 часот)

Украинскиот тим ќе ги пречека Грците во Кошице, Словачка, па затоа и според квотите, Зелените детелинки од Атина се мали фаворити на хартија. Днипро не знае за пораз во подготвителниот период, имаат украински состав во кој се издвојува репрезентативецот Довбик. Панатинаикос е целосна спротивност, речиси и да нема домашни грчки играчи меѓу стартерите. Тој интернационален состав загуби со 0-1 од Рајо Валјекано на пријателски меч пред една недела.

Предлог тип: Х2 & 1+ прво (2.10)

 

6718 ТНС – Есперанж (20.00 часот)

Овој дуел е интересен за стружани, затоа што победникот од двобојот е потенцијалниот иден ривал на Струга Трим Лум, ако македонскиот првак го елиминира Будуќност. Новите Светци од Велс се фаворити против луксембуршкиот гостин. Есперанж во претходното коло од квалификациите во ЛШ загуби од Слован Братислава со кој одигра нерешено на гости, а ТНС двапати губеше од шведски Хакен, па сега тимовите се преселија во Конференциска лига.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.60)

 

6735 Бреидаблик – ФК Копенхаген (21.15 часот)

Данците според реномето кое го имаат, сигурно се фаворити на хартија против првакот на Исланд, но против себе ќе имаат ривал кој е во голема победничка серија и нема лесно да се предаде. Бреидаблик во претходното коло од квалификациите го елиминираше ирски Шамрок. Копенхаген викендов со победа стартуваше во данската лига, па и реми би било успех вечерва за домашните од Исланд.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (1.92)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести