Динамо Загреб од трансферот на Гвардиол во Сити ќе заработи 13,6 милиони евра

Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол од денеска е нов фудбалер на Манчестер сити. Трансферот на Гвардиол од Лајпциг во Сити е вреден 92 милиони евра, плус бонусите. Со овој договор, Хрватот стана најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.

Освен Лајпциг, од трансферот на Гвардиол, добро ќе заработи и Динамо Загреб. Хрватскиот првак во 2021 година го продаде Гвардиол за 18 милиони евра во Лајпциг, но во договорот стои дека на Динамо му припаѓаат 15 отсто од 74 милиони евра, што значи дека 11,1 милиони евра ќе завршат во касата на Модрите.

На оваа сума треба да се додадат и 2,75 отсто од парите како дел од договорот за развој на фудбалерот, а тоа се дополнителни 2,5 милиони евра. Тоа значи дека Динамо за трансферот на Гвардиол во Манчестер сити вкупно ќе заработи 13,6 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести