Динамо Загреб сака успех во Европа – На „Максимир“ доаѓа екс-играч на Ливерпул

Поранешниот играч на Ливерпул и Бенфика, Лазар Марковиќ е на завршни преговори во Загреб и на чекор до трансфер во Динамо.

Хрватскиот првак има одличен тим и големи амбиции, а ако пристигне на „Максимир“ Марковиќ ќе биде само дополнување на исклучително квалитетниот состав на популарните „модри“.

Репрезентативецот на Србија беше еден од најголемите таленти во неговата класа, одигра 19 натпревари за Ливерпул, а потоа се селеше на позајмици кај Фенербахче, Спотинг, Хал и Андерлехт, за да заврши во редовите на Фулам. За нив одигра само еден меч и сега е слободен играч, па Динамо сака да го ангажира.

Ако се реализира трансферот Марковиќ со околу 800 илјади евра ќе биде најплатениот играч на Динамо, пред капитенот и македонски репрезентативец Аријан Адеми и Гаврановиќ, кои имаат годишна плата од 500 илјади евра.

- Оглас -

Најнови вести