Хрватскиот првак Динамо Загреб во чии редови играат македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски ќе имаат тежок пат кон групната фаза од Лигата на шампиони. Динамо во второто претколо треба да ја елиминира Омонија, а ако тоа го направи, во следнтоо квалификациско коло ќе игра со подобриот од двомечот меѓу Легија Варшава и Флора Талин.
Мура која ја елиминираше Шкендија, сега игра против Лудогорец, а ако го помине бугарскиот тим ќе се сретне со подобриот од Олимпијакос/Нефчи.
ДВОЈКИ ЗА ТРЕТОТО КОЛО ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЛШ
екипи кои беа шампиони во своите земји
Олимпијакос – Нефчи / Мура – Лудогорец.
Динамо – Омонија / Легија Варшава – Флора Талин.
Линколн Ред Импс – Клуж / Слован Братислава – Јанг Бојс.
Каират – Црвена Звезда / Алашхерт – Шериф Тираспол.
Малме – Хелсинки / Ренџерс
Ференцварош / Жалгирис – Славија Прага
ЕКИПИ ВО ЛШ ПРЕКУ ЛИГАШКИ ДЕЛ
ПСВ Ајнтховен – Галатасарај / Селтик – Мидјтеланд
Спартак Москва – Бенфика
Генк – Шахтар Донецк
Монако / Рапид Виена – Спартак Прага
Првите мечеви се на 3/4 август, а реваншите се на 10 август.