Динамовци се молат Руди да почне да лае

Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, тврди дека неговото куче Руди, кое го чува од 2008 година, вечерва ќе биде пред телевизор и ќе го следи натпреварот од Лигата на Европа помеѓу Динамо и Бенфика.

За загрепчани, ова е меч на деценијата, еуфоријата во главниот град на Хрватска ќе достигне кулминација во 19 часот, кога ќе биде означен почеток на средбата, прва за Динамо во осминафинале од ЛЕ.

Бандиќ нема да биде на „Максимир“, туку на Динамо ќе му дава поддршка од дома, заедно со мајка му, со сопругата Весна и кучето Руди.

„Кога Динамо дава гол, ние аплаудираме со рацете, а Руди лае. Мајка ми ќе ми дојде на гости, па нема да бидам на стадион, туку ќе гледам дома“, вели Бандиќ.

- Оглас -

Најнови вести