Директорот на ОП на Австралија е искрен: Мали се шансите Ѓоковиќ да игра во Мелбурн

Ситуацијата со настапот нна Новак Ѓоковиќ на Отвореното првенство на Австралија ќе биде разрешена во наредните денови.

Најдобриот светски рекет во моментов се подготвува во Марбеља, од каде што ја исчекува и дефинитивната одлука од организаторот.

Директорот на ОП на Австралија, Крег Тајли изјави дека доколку Новак не пристигне во наредните денови, мали се шансите тој да настапи.

„Има уште неколку чартер летови и доколку Новак не дојде во наредните денови, мали се шансите дека ќе го видиме на терените.

Се ќе биде јасно во наредните денови бидејќи доколку дојде, тој ќе мора да биде во изолација“ изјави Тајли.

Првиот гренд слем во годината започнува на 17-ти овој месец, додека финалето е закажано за 30-ти.

- Оглас -

Најнови вести