Директорот на Вимблдон се надева дека Федерер и Серена ќе играат во 2021

Ричард Луиз, директорот на еден од најпрестижните тениски турнири, гренд слемот Вимблдон, изрази надеж дека следната 2021 година ќе биде посилен од кога било порано. Тој очекува на следното издание да се појават сите фаворити, меѓу нив и легендите Роџер Федерер и Серена Вилијамс, кои планираа годинава да се повлечат и во јуни последен пат да заиграат на лондонската трева, каде што ги имаа своите најблескави моменти во кариерите.

„Многу сакам 2021 година да биде незаборавна. По тешките времиња кои ги преживуваме сега, се надевам дека во следното издание на турнирот ќе ги видам сите фаворити кај мажите и жените. Публиката го заслужува тоа. Сигурен сум дека пред нас се неверојатни емоции, а најголемата желба ми е Федерер и Вилијамс да се појават на нашите тревни терени. Тие се големи шампиони, заедно имаат 15 титули тука“, вели директорот Луиз.

- Оглас -

Најнови вести