До крајот на месецов, од првото место паѓаат и Ѓоковиќ на АТП и Белгија на ранг-листата на ФИФА?

Повредата на Еден Азар е еден од проблемите со кои се соочува белгиската фудбалска репрезентација пред дуелот со Италија за третото место во Лигата на нациите.

Азар има повреда поради која нема да игра против Италијанците, а иако повредата не е тешка, неизвесно е дали ќе може да игра на Ел Класико на 24 октомври, кога Реал Мадрид ќе гостува кај Барселона. Иако Азар веќе трета сезона е во Реал, уште нема играно на најголемото дерби против Барса и тоа е доказ колку често се повредува.

Доколку Белгија загуби од Италија, Црвените ѓаволи може да го загубат првото место на ранг-листата на ФИФА. Шанса да ги наследи Белгијците на врвот има Бразил, на којшто во случај на пораз на Белгија од Италија, за прво место ќе му требаат победи на следните два меча од квалификациите за СП 2022.

Промена на првото место до крајот на месецов може да има и во машкиот тенис. За да заврши доминацијата на Новак Ѓоковиќ, барем на една недела, првото место на АТП-листата може да го преземе Данил Медведев. Русинот треба да го освои турнирот во Индијан Велс, каде што е прв носител и фаворит. Ако успее, ќе избие на прво место, но само една недела подоцна, Ѓоковиќ пак ќе биде прв.

- Оглас -

Најнови вести