(Видео) Кој го расплака аргентинскиот селектор на еден ден до мундијалското финале?

Лионел Скалони не можеше да се воздржи и се расплака, откако му го прикажаа видеото што го снимија учениците од училиштето во кое порано учел и селекторот на Аргентина.

Скалони е роден во Пухато во провинцијата Санта Фе, а целиот град му посака среќа и да се врати во Аргентина со титулата светски првак.

Emotional Lionel Scaloni after he was shown the video of support from his hometown, the school where he grown up from soccer

Скалони кој утре ќе го има најголемиот и најважен меч во кариерата, а влогот е Златната божица, не успеа да ги задржи солзите и се расплака гледајќи го видеоматеријалот посветен нему.

Финалето меѓу Аргентина и Франција ќе се игра утре од 16 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести