Доби отказ затоа што соиграчите веруваат дека бил баксуз

Напаѓачот Мохамед Анас од Гана доби отказ од екипата на ТС Галакси од Јужна Африка и тоа поради бизарна причина. Според тамошните медиуми, на Анас му бил даден отказ затоа што било одлучено дека тој носи лоша среќа во кој клуб и да игра.

Соиграчите на Анас побарале од челниците на клубот да го избркаат напаѓачот бидејќи се убедени дека имаат слаби резултати поради неговото присуство.

„Каде и да играше во Јужна Африка, клубовите се бореа за опстанок или испаѓаа од лига. Играше за Мурицбург и едвај се спасија од испаѓање. Играше и за Фри Стејт Стар, а клубот испадна од лига. Исто беше и со екипата на Полокване Сити. Минатата сезона играше за Блек Леопардс и се случи истата работа. Играчите се загрижени. Веруваат дека тој носи несреќа. Напорно тренираат и се борат на теренот, а резултати нема. Поради тоа, Мохамед Анас е отпуштен од клубот“, е објаснувањето во весникот „Ситизен њуз“.

Освен по тоа што е познат како баксуз за екипите во коишто игра, Анас пред четири години стана за потсмев во светот на фудбалот откако по еден меч на којшто беше прогласен за најдобар на теренот, реши да ги поздрави неговата жена, но и девојката негова.

„Фала на навивачите, а посебно им благодарам на сопругата и на девојката. Ох, извините. Ѝ благодарам на мојата жена. Те сакам душо со целото мое срце“, рече тогаш Анас.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести