Добитен тикет со коефициент 98,5 понудивме вчера, на чело беше Македонија „двојка“

Македонската фудбалска репрезентација синоќа испиша историја откако со 1:0 победи во Тбилиси против Грузија, и со таа победа си обезбеди пласман на завршницата на Европското првенство следното лето. Освен радоста за големиот успех на фудбалерите, оние кои вчера ги препишаа типстерските совети, односно ги одиграат петте понудени мечеви, сега имаат дополнителна причина за славење.

Победата на Македонија во Sport Life беше со коефициент 3.05, а покрај тоа, ги погодивме и останатите четири совети. Унгарија со 2:1 го победи Исланд за добитно 1Х&0-3 (1.97), додека Северна Ирска и Словачка ремизираа 1:1 по 90 минути и чист „икс“ на овој меч и суперкоефициент од 2.80.

Србија и Шкотска по 90 минути играа 1:1, а двата гола паднаа во второто полувреме за добитно 1Х&2>1 (2.50), a во пријателскиот меч Англија без многу мака славеше против Република Ирска со 3:0 за 1&3+ (2.30).

Кога ќе се соберат коефицинетите на сите пет меча, се добива вкупен коефициент од 98,5, односно за 100 вложени денари, добивката ќе беше 9.850 денари, односно повеќе од 150 евра.

Уште синоќа еден читател ни испрати тикет со препишани Типстерски совети и колку и да вложил, добивката му е безмалку 100 пати поголема. Со здравје да си ги троши парите.

 

- Оглас -

Најнови вести