Добитни беа вчерашните пет предлози, вкупната квота беше одлична

Перфектен крај на јануари имавме со типстерските совети во кои секојдневно нудиме по пет предлози на мечевите кои се играат тој ден. Вчерашните пет предлози носеа вкупен коефициент од 30.6, што значи дека нудеа одлична можност за добра заработка.

Њукасл со 2:1 го победи Саутхемптон во меч на кој сите три гола беа постигнати во првите 30 минути, а потоа мрежите мируваа доволно за да биде погодена комбинацијата 1&0-3. Со 2:1 победи и Унион Берлин против Волфсбург, а тука беше важно домаќинот да не загуби и да нема повеќе од три гола.

Во Велс, ТНС ја продолжи доминацијата и лесно со 3:0 славеше над Бала Таун. Домаќините на полувреме водеа со 1:0, а на крајот славеа со 3:0 и добитна беше комбинацијта дека ТНС ќе даде 1-3 погодоци во двете полувремиња.

Бешикташ не победи на гости кај Караѓумрук, но тоа што одигра 1:1 беше таман за да се фати комбинацијата дека турскиот гигант нема да загуби, а на мечот нема да има повеќе од три погодоци.

Последен меч во вчерашната комбинација беше дуелот Арука – Бенфика, на кој гостите лесно победија со 3:0, точно за да се погоди комбинацијта 2&0-3.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести