Њукасл е на добар пат да обезбеди финале во Лига купот

1092 Њукасл – Саутхемптон (21.00 часот)

Ова е реванш-натпревар од полуфиналето на англискиот Лига куп. Првата средба заврши со триумф на Њукасл со 1:0 и Чавките имаат одлична шанса да обезбедат пласман во финалето. Њукасл игра одлично сезонава, прва откако стана најбогат клуб на светот и моментно се наоѓа на трето место на табелата во Премиер лигата. Иако пласманот во Лигата на шампионите е примарна цел, шансата да се игра финале во Лига купот не би требало да ја пропуштат. Саутхемптон нема победа во Њукасл од 2015 година, згора на тоа фокусот му е опстанок во Премиер лигата бидејќи моментно е последен на табелата.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.12)

 

2851 Унион Берлин – Волфсбург (20.45 часот)

Ова е натпревар од осминафиналето во Германскиот куп. Унион Берлин е хит во петте најсилни европски лиги, игра одлично во Бундеслигата и се наоѓа на второто место на табелата само со еден бод помалку зад лидерот Баерн. Унион Берлин победи на сите три натпревари во Бундеслигата во 2023 година, а последниот беше во градското дерби против Херта со 2:0 и вечерва ќе ја има фаворитската улога. Волфсбург во саботата загуби од Вердер со 2:1. И традицијата е на страната на домаќинот бидејќи нема пораз на домашен терен од Волфсбург.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.67)

 

1561 ТНС – Бала Таун (20.45 часот)

Во велшката Премиер лига, која од годинава се преименува во Камри Премиер лига, уште на половина сезона се знае шампионот, тоа е екипата на ТНС. Светците досега одиграа 21 натпревар и се без пораз, остварија 18 победи и имаат три ремија. Екипата на Бала Таун моментно е петта на табелата и има 17 бода помалку од ТНС, но никогаш во клупската историја не славела на гости кај Светците и има само пет ремија.

Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (1.83)

 

1952 Караѓумрук – Бешикташ (18.00 часот)

Бешикташ во четирите натпревари во 2023 година во рамките на турската Суперлига оствари четири победи и се искачи на четвртото место на табелата со 38 бода, два помалку од третопласираниот Башакшехир. Караѓумрук се наоѓа на средина на табелата, но нема добар скор во дуелите со Бешикташ. Овие две екипи досега имаат одиграно и Бешикташ славел на четири натпревари, а Караѓумрук само на еден.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (2.11)

 

1536 Арука – Бенфика (22.15 часот)

Бенфика е лидер на табелата во португалскиот шампионат, но до последното коло ќе води тешка битка за титулата со Порто и Брага и поради тоа не смее да си дозволи кикс против послабите тимови. Иако Арука игра добро во последно време, победи на два од последните три меча и се искачи на седмото место на табелата, Бенфика вечерва е апсолутен фаворит за победата. Згора на тоа, Бенфика ги има најдобриот напад и одбрана (45:12) и за очекување е вечерва од првата минута да тргне офанзивно по голот на Арука. Традицијата е немилосрдна за Арука, во досегашните меѓусебни натпревари Бенфика не победила само на еден натпревар, кој завршил нерешено, и тоа пред десет години.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.24)

- Оглас -

Најнови вести