Добивките ги прославува со торта, а екссудијата, фудбалер и новинар овојпат со хуманитарен тикет

Името на Живко Здравкоски е добро познато во спортските и новинарски кругови во Македонија, тоа е сестран човек кој има завидно спортско CV зад себе, а годинава одбележува два јубилеја: 40 години активност во спортот и 30 години како спортски новинар – дописник.

Спортот му е во крвта, а почетоците му се врзани за Фудбалскиот клуб Вардар. Здравкоски седум години има тренирано во Вардар и една во Работнички, а потоа седум години беше и фудбалски судија, од кои две и пол сезони на главната листа во единствената Втора Лига, и тоа на 23 годишна возраст.

Играше и за репрезентацијата на новинари од Македонија на меч со Бугарија во 1992 година.

Како спортски новинар, најдолго беше во спортскиот магазин „СКОК“, потоа замина во дневниот весник „Дневник“, а има работено и во две телевизии, А1 и МТВ, како и во подготовките пред почеток со работа на дневниот спортски весник „Македонски спорт“.

Последниве 20 години во слободно време тој е дописник за странство.

Тој близу три децении е дописник од Македонија за единствените два дневни спортски весници во светот што се печатат повеќе од 100 години: „Ла Газета дело спорт“ од Милано (Италија) и „Кикер“ од Нирнберг (Германија). Десет години беше активен за два дневни весници од Србија: спортскиот весник „Спортски журнал„ и „Политика“.

Има правено многу интервјуа, најмногу од спортисти од земјите од бивша СФРЈ, но и од Европа и другите континенти.

Професионално, од јануари 2002 работи како правник во Централниот депозитар за хартии од вредност, кој лани одбележа 20 години од постоењето. Здравкоски има само пофални зборови и поздрави за колегите и колешките од ЦДХВ АД Скопје.

ИДЕЈАТА ЗА ПОЗНАТИОТ ФИЛМ „250 СКАЛИЛА“ БЕШЕ НЕГОВА

Последниве десет години е соработник на три спортски видеопродукции, помага со идеи и за изработка на спортско-документарни филмови и серии.

По идеја на Здравкоски, во 2017 години беа снимени два спортско-документарни филма: „250 скалила“, посветен на светските кошаркарски јуниорски прваци со СФРЈ во 1987 година, филм што доби награди и на Светското првенство во Милано (Италија) во 2018 година, и ТВ-серијалот посветен на јубилејот 70 години ФК Вардар: „Еден живот – една љубов“ (наратор е европскиот фудбалски великан Дарко Панчев, кој заедно со покојниот кошаркар Дражен Петровиќ, е еден од двата спортски идоли на Живко).

УПЛАЌА ПОМАЛИ СУМИ, ДОБИВКИТЕ ГИ ПРОСЛАВУВА ТРАДИЦИОНАЛНО СО СЕМЕЈСТВОТО И ТОРТА

Здравкоски со големо задоволство го пополни хуманитарниот тикет на Sport Life со надеж дека тикетот ќе биде добитен и парите од добивката ќе заминат кај деца на коишто им е потребна помош.

„Спортот секојдневно го исполнува целиот мој живот. Од татко ми Александар ја наследив љубовта кон прогнозирањето. Во тогаш популарната Спортска прогноза во СФРЈ, кога се типуваа тикети со 12 фудбалски натпревари, во една прилика, во 1963 г. татко ми беше еден од неколкумината добитници на втората награда. Во минатото бев соработник и во списание специјализирано за обложување“, се потсетува Живко на почетоците во типувањето.

Живко порано играл почесто, а константно уплаќа помали износи.

„Последниве години кога сум во можност, а тоа поради моите обврски, за жал, не е често, пополнуваме ливчиња и уплаќам во спортските обложувалници. Почнав уште пред 20-тина години, кога по заедничкото типување со внуците од мојата сестра уплаќав тикети, а имавме и неколку мали добивки. Последниве 15-тина години, понекогаш со уживање типуваме заедно со мојата сопруга Гордана и нашите деца, близнаците Христина и Тадеј. Сме имале околу 4-5 добивки и кога добивките се над 1.000 денари, се честиме со торта.

СПОРТСКИ ИДОЛИ МУ СЕ ДАРКО ПАНЧЕВ И ДРАЖЕН ПЕТРОВИЌ

„Сите дома сме вљубеници во спортот и со задоволство следиме многу спортови, а навиваме, пред сè, за еден од најголемите спортисти во историјата, Новак Ѓоковиќ, како и за Црвена ѕвезда. Интересно е што како дете навивав за Партизан, клуб чиј симпатизер е мојот шура Горан од Панчево. Мене ми остана големата љубов од дете кон Вардар, каде што тренирав во генерацијата предводена од славниот Ерол Демир, и Милан, за кого навиваат сестрата, внуците и зетот.

Иако во последно време послабо ги следам фудбалските првенства, се надевам дека сега успешно ќе типувам и дека можеби хуманитарниов тикет ќе биде добитен и дека некому ќе му донесе радост“, заклучува Здравкоски.

- Оглас -

Најнови вести