Добра вест за Ѓоковиќ, ќе нема линиски судии на САД опен

Тениската асоцијација на САД и челниците на АТП и ВТА, објавија дека на Отвореното првенство на САД кое почнува на 30-ти август, нема да има линиски судии, туку нивната работа ќе ја врши видео технологија.

На дури седум од деветте турнири во САД, нема да се користат линиски судии, туку само „соколово око“. На сите терени на „Флешинг медоуз“ во Њујорк ќе се применува оваа технологија. Лани, судии имаше само на двата главни терени, а токму таму се случи и инцидентот кога Новак Ѓоковиќ во четвртото коло против Пабло Карењо Буста ја погоди со топче во вратот линиската судијка, па беше дисквалификуван.

Линиски судии немаше ниту пред неколку месеци на Австралијан опен на кој Ѓоковиќ ја освои 18-тата грен-слем титула.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести