Добра вест за симпатизерите на спортот, дозволено е присуство на публика на натпреварите во Македонија

Публика ќе има на трибините на спортските натпревари, и тоа најмногу до 30 отсто од капацитетот, е една од мерките на Владата на Македонија што ги соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

„Донесена е одлука за отворање на фитнес центри и теретани. Исто така, дадена е и дозвола за одржување на еден дел од спортските натпревари со враќање на публиката и неофицијалните лица, што досега не беше дозволено“, изјави Венко Филипче.

Долг период во екот на пандемијата со ковид-19 во Македонија беше комплетно забрането присуство на навивачи на трибините во сите спортови, но сега конечно во финишот на сезоната е дозволено нивни присуство, и тоа со ограничен капацитет до 30 отсто.

 

- Оглас -

Најнови вести