Добри стари времиња, Горан Иванишевиќ објави слика со Моника Селеш

Прославениот хрватски тенисер, а сега тренер на светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ, на Инстаграм објави една ретро фотографија од пред повеќе од 30 години, на која се поздравува со Моника Селеш. Своевремено, Горан и Селеш беа само талентирани деца од некогашна Југославија кои би можеле да направат нешто во тенисот, подоцна станаа ѕвезди во белиот спорт.

„Стари добри времиња до една од најдобрите на сите времиња, Моника Селеш. Мислам дека тогаш немавме поим што ќе оствариме во годините кои доаѓаа“ – напиша Иванишевиќ покрај сликата.

Иванишевиќ е две години постар од Селеш. Тој еднаш го освои Вимблдон и тоа со настап со вајлд-карта, а највисоко се искачи на второто место на АТП листата. Селеш беше најдобра на ВТА листата, и освои осум грен-слем титули.

- Оглас -

Најнови вести