Добри вести за Пеликаните: Првиот пик почна да тренира

Зајон Вилијамсон, првиот пик на драфтот 2019, по подолго време целосно одработи тренинг со остатокот од екипата на Њу Орлеанс пеликанс. Вилијамсон од октомври минатата година се рехабилитира од повреда на менискусот со која се здоби во претсезонските подготовки, што го спречи да дебитира на НБА-паркетите.

Сепак, точниот датум за враќање на терените не е познат, но од таборот на Пеликанс очекуваат тоа да се случи наскоро, се разбира, доколку Зајон продолжи да закрепнува без компликации.

Вилијамсон во претсезоната просечно бележеше по 23,3 поени и висок процент на реализација од игра, 71,4 отсто, што е фасцинантно за неодамнешанта ѕвезда на Дјук универзитетот.

- Оглас -

Најнови вести