Добро е: Само еден позитивен во седмата рунда тестирања во ПЛ

Премиер лигата денес ја заврши и седмата рунда тестирања за вирусот ковид-19 според протоколот, а од вкупно 1.213 тестирани играчи и членови на стручниот штаб има само еден позитивен. Ова се добри вести за англискиот шампионат во пресрет на рестартирањето на сезоната кое е закажано за 17 јуни, еден позитивен резултат нема да го наруши планот за продолжување на првенството.

Засега не е познато од кој клуб е заразениот член, но според протоколот, тој веќе е во изолација и ќе се третира во следните 14 дена. Во претходните две рунди тестирања исто така имаше само еден позитивен случај, односно се покажаа 14 позитивни случаи од вкупно 7.487 тестови.

- Оглас -

Најнови вести