Одлични вести за Премиер лигата: Ниту еден заразен по последните тестирања

Премиерлигашите ги дочекаа резултатите од шестата рунда тестирања за вирусот Ковид-19, по што е потврдено дека нема ниту еден случај на заразен. Ова се одлични вести во пресрет на рестарот на сезоната, по последните три рунди има само еден заразен кој веќе е во изолација и се третира неговата состојба.

Во последнта рунда направени се 1.195 тестирања, а по вкупно 6.274 тестови се потврдија само 13 позитивни на корона-вирусот.

Премиер лигата и дефинитвно ќе продолжи на 17 јуни со доигрување на двата меча од 29-тото коло, додека три дена подоцна ќе се одржи регуларното 30-то коло.

- Оглас -

Најнови вести