Добро мина – Рибери казнет со три меча по туркањето на помошниот судија

Франк Рибери е казнет со три меча неиграње по инцидентот на мечот меѓу Фиорентина и Лацио. По завршувањето на дуелот, на којшто Лацио славеше победа со 2:1, Рибери нервозно реагираше и двапати го турна помошниот судија, за што подоцна доби и црвен картон надвор од теренот.

Домаќините, а Рибери најжестоко, реагираа за победничкиот гол на Лацио во 89-тата минута и сметаа дека претходно во акцијата за голот што го постигна Чиро Имобиле имало фаул.

Судијата Гвида по иструкциите од ВАР-собата не досуди фаул за Фиорентина и го призна победничкиот гол на Лацио, што предизвика бурни реакции во таборот на Фиорентина.

Рибери летово пристигна во клубот од Фиренца и игра солидно на 36-годишна возраст, но сега ќе мора и да паузира на следните три натпревари против Сасуоло, Парма и Калјари.

- Оглас -

Најнови вести