Арѓенд Беќири, поранешниот репрезентативец на Македонија и еден од најдобрите фудбалери во историјата на Слога Југомагнат (сега ФК Шкупи), прифати да биде дел од хуманитарната акција на Sport Life обложувалници и Спорт Манија.
Неговиот добротворен тикет составен од 15 парови кои ќе се одиграат во претстојниот викенд носи огромна потенцијална добивка од 246.734 денари, па доколку среќата ни се насмевне, Беќири дополнително ќе одреди за која цел ќе се наменат средствата.
Беќири во играчката кариера докажа дека има одличен нишан, односно чувство за голови. Во Слога го покажа својот квалитет, двапати беше најдобар стрелец во Првата фудбалска лига на Македонија, како и МВП, а зад себе остави и 17 настапи за репрезентацијата.
Тој е голем фан на Манчестер јунајтед, па затоа и добротворниот тикет кој го состави почнува токму со тип победа на Црвените ѓаволи против Евертон. При почетокот на неговата кариера, Беќири како младинец беше на проба токму во редовите на најтрофејниот англиски клуб, па тренирањето со великани како Ерик Кантона му оставија голем впечаток и причина да се заљуби во гигантот од „Олд Трафорд“. Дел од кариерата ја помина во белгискиот прволигаш Антверп, па затоа Беќири се потрпе на неговиот некогашен клуб дека може да издвои добар резултат на претстојното гостување кај Бершот.
„Нормално, како секој љубител на фудбалот и активен работник следам сè она што се случува во најатрактивните првенства во Европа. Пробата во Манчестер за мене беше од големо значење, посебно беше чувството да се тренира со Кантона и златната генерација која ја водеше Сер Алекс Фергусон, па дури тоа да беше еден месец. Оттогаш го засакав Јунајтед, па затоа и сакам овој тикет да почне со победа на Црвените ѓаволи“, посочи Беќири.
Како активен член на управниот одбор на ФФМ, Беќири се наврати на историскиот успех кој го остварија Рисовите со првиот пласман на едно големо меѓународно натпреварување, Европското првенство кое летово ќе се одржи во повеќе градови. Арѓенд се надева дека тој успех уште повеќе ќе ги отвори вратите на македонскиот фудбал во Европа, па во иднина Македонија да биде редовен учесник на големите турнири.
„Пласманот на Европското првенство засекогаш ќе остане запаметен како најголем успех на македонската репрезентација. Сите кои со години работеа да се стигне до таа цел, почнувајќи од селекторот Игор Ангеловски, до фудбалерите, престедателот Муамед Сејдини и сите вклучени во Федерацијата имаат огромна заслуга што ни ја донесоа таа радост. Многу ми беше жал што не можев да патувам за Тбилиси, за дуелот против Грузија, бидејќи бев позитивен на корона-вирусот, секако од самоизолација навивав да победиме. Имаме одличен состав, сите играчи ни се интернационалци кои играат во многу конкурентни лиги и се надевам дека ќе имаме светла иднина и ќе ни се раѓаат нови лидери на македонскиот фудбал. Секако, имаме и квалитетна млада репрезентација предводена од Боби Милевски, што дополнително нè радува и очекуваме нови успеси по оној пласман на ЕП за млади во 2017 година“, додаде Беќири.