Додека Бразилецот ја славеше титулата, крадци му влегле во домот и му го украле скапото „ауди“

Крадци провалиле во домот на Фабињо во Ливерпул вчеравечер, додека фудбалерот на Црвените имаше обврски во дуелот со Челзи и потоа на доделувањето на титулата во Премиер лигата.

Во моментите кога Фабињо се радувал на историскиот успех, крадците од неговиот дом заминале со златен накит во непозната вредност, а кога се вратил дома, Фабињо забележал дека му го нема и скапото „ауди РС6“. Од локалната полиција веруваат дека грабежот се случил во периодот од три часот попладне до четири часот наутро.

Крадците знаеле дека во домот на Фабињо нема да има луѓе бидејќи сите ќе ја слават титулата, па имале време детално да бараат вредни предмети. Подоцна полицијата го нашла автомобилот на Бразилецот во близина на Виган.

- Оглас -

Најнови вести