Додека Конте е тренер на Реал, ништо од сонот на Азар

Еден Азар нема да дојде во Реал Мадрид, барем не додека трае мандатот на Антонио Конте на клупата на Кралскиот клуб. Конте вечерва или утре треба да потпише договор со европскиот првак, а викендов да дебитира како тренер на тимот кој е во голема резултатска и играчка криза.

Веќе почнаа шпекулации и околу тоа кои играчи ќе играат повеќе, кои помалку, кого ќе побара Конте да биде донесен (наводно ќе се обиде да го привлече Пол Погба), а од кого би се откажал. Едно од засилувањата кои ги посакуваат фановите на Реал е Азар, но тоа нема да се случи во догледно време.

Конте и Азар не беа во најдобри односи, фудбалерот не беше задоволен од улогата (таканаречена лажна деветка, наместо крило, која му е природна позиција и на неа дава најголем придонес) која му ја даваше италијанскиот стручњак. Јасно е дека на Азар сон му е да го облече белиот дрес, но не по секоја цена, особено нема да прифати да игра за Конте.

- Оглас -

Најнови вести