Кај нас никој не сака да даде 1.000 евра за фотографија со фудбалерите, пари наменети за лекување на детенце, дресот на Зидан продаден за 108.000 долари

Еден од дресовите кои биле направени за некогашната француска фудбалска ѕвезда Зинедин Зидан предвиден за настап во финалето на Светското првенство 1998 година е продаден на аукција во Лос Анџелес за 108.000 долари (околу 92.000 евра), објави аукциската куќа Џулијенс.

Аукцијата беше одржана преку интернет, а на крајот цената достигнала 108.000 евра. Од „Адидас“ и од ФИФА потврдија дека тој е автентичен дрес, но не може да се потврди дали Зидан го носел токму тој дрес во финалето на СП, кога Франција со 3:0 го победи Бразил и стигна до првата светска титула.

Зидан беше вистински херој на француската репрезентација на тој Мундијал, а во финалето даде два гола во првото полувреме против Бразил, најавувајќи ја историската победа на Галските петли.

И додека дресот на Зидан достигна цена од 92.000 евра, во Македонија по една неуспешна аукција, сега се прави втор обид да се продаде слика на која се сите фудбалски репрезентативци и селекторот Игор Ангеловски кои беа дел од историското прво Европско првенство на Македонија. 

Бобан Алексовски е човекот кој направи аукција на слика која содржи колаж на кои има фотографии и потписи од сите репрезентативци на Македонија кои беа дел од ЕП. Парите од продажбата на сликата ќе бидат наменети за лекување на малиот Јаков.

ГОЛЕМИ СРЦА! АЈДЕ ДА ЈА ПОКАЖЕМЕ НАШАТА ХУМАНОСТ И ДА ОВОЗМОЖИМЕ ЈАКОВ ДА ГО ЗАВРШИ ЛЕКУВАЊЕТО УСПЕШНО ЗА ДА МОЖЕ ПОВТОРНО ДА УЖИВА ВО СВОЕТО ДЕТСТВО!

ВЕ МОЛИМЕ ДОНИРАЈТЕ НА СЛЕДНАВА ЖИРО СМЕТКА:Стопанска Банка – 20000 148 174 0176 – Елена Јанакиев IBAN – MK0720000 387 639 2077 SWIFT Cod – STOBMK2X

 

- Оглас -

Најнови вести