Додека ракометарите се загреваат, поддршка до нив со мотивациско видео (Видео)

Ракометната федерација на Македонија преку социјалните мрежи им даде поддршка на ракометарите пред дуелот со Шведска, објавувајќи едно мотивациско видео со акции од нашите репрезентативци, додека во позадина оди песната „Македонија навива за вас“ од Тоше Проески.

„Како и сите подготовки за ова првенство така и ова мотивациско видео го изработивме со неверојатна брзина, но со многу ентузијазам! Им благодариме на дечињата од ,,Дајте музика” и ,,МРТ” за ангажманот, на авторот Александар Митевски за музиката и ,,Вертиго Вижуалс” за одлично сработеното! Денес го играме првиот натпревар од Мундијалот во Каиро против репрезентацијата на Шведска. Навивајте за нас! ЗА МАКЕДОНИЈА!!!“, порачаа од РФМ.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести