Дојде „денот Д“: Ќе има ли голем трансфер на „Олд Трафорд“?

Денеска ќе се знае судбината на Џејдон Санчо, младата ѕвезда на Б. Дортмунд, и неговиот најавен трансфер во редовите на Манчестер јунајтед. Црвените ѓаволи имаат рок до крајот на денот, поставен од Милионерите, да испратат понуда за одличниот офанзивец, која мора да изнесува 120 милиони евра за да се даде зелено светло за скапиот ангажман.

Иако Санчо ги има договорено условите за преселба на „Олд Трафорд“, управата на Дортмунд не отстапува од намерата дебело да заработи од неговото заминување. Цената од 120 милиони евра и натаму стои како услов за да почне процесот на трансферот, па наскоро ќе се знае дали Јунајтед ќе ја искешира астрономската сума за поранешниот младинец на градскиот ривал Манчестер сити.

Во меѓувреме, Милионерите не оставаат ништо на случајот, па изготвија нов договор за Санчо со кој ќе се обидат да го задржат и во иднина.

- Оглас -

Најнови вести