Дојде „Денот Д“ за најлошиот тренер што го имал Реал во 50 години

Хулен Лопетеги и официјално ќе добие раскин на договорот со Реал Мадрид, а потоа Антонио Конте ќе биде наименуван за нов тренер на актуелниот европски првак. Ова е сценариото кое во текот на денешниот ден го очекуваат шпанските медиуми.

Иако претседателот Флорентино Перес имаше големо трпение со шпанскиот стручњак, сепак, на крајот реши да се раздели со човекот кој ѝ го „украде“ на шпанската репрезентација пред самиот почеток на Светското првенство.

Капката која ја прели чашата на трпението беше дебаклот на „Камп ноу“ и поразот од Барса. Но, бројките кажуваат дека Перес летоска погреши што не купи доволно добар напаѓач, а донесе тренер кој не успеа да ги мотивира заморените ѕвезди.

Сето ова, заедно со повредите на клучни играчи, кои исто така малку придонесоа за лошите резултати, доведоа до тоа Лопетеги да биде најлош тренер што го има Реал во последните 50 години.

Од првите 10 меча во лигата, Лопетеги има по 4 победи и порази, и две ремија. Ниту еден друг тренер во последниот половина век не бил толку слаб. За утеха, имало и полоши тренери од него, но сите тие работеле пред повеќе од 50 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести