Како ќе изгледа церемонијата на отворањето на Светското првенство?

Домаќинот Катар против Еквадор е средбата со која ќе започнат фудбалските возбудувања на Светското првенство кое започнува денеска. Средбата е закажана за почеток во 17 часот, а церемонијата на свеченото отворање ќе биде околу 15:30 часот.

Стадионот „Ал Бајт“ кој е со капацитет од 60.000 гледачи ќе биде местото каде домашната селекција ќе испише историја со прв настап на СП. Освен првиот меч, на овој стадион ќе има вкупно шест дуели од групната фаза, како и по еден меч во осминафиналето, четвртфиналето и полуфиналето.

Домаќините најавија изненадување во текот на церемонијата на отворањето, а јужнокорејската попѕвезда Јунг Кук заедно со БТС и катарската пејачка Фахада Ал-Кубаиси ќе ја изведат песната „Dreamers“, која е официјална химна на Мундијалот.

Програмата на отворњето ќе биде во седум чина, а ќе ја водат уметници кои ќе ја поврзат катарската традиција со светската култура, а со своите настапи ќе ги поздрават и сите земји учесници на Светското првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести