Дојде од редовите на големиот градски ривал, а сега ја продолжува верноста со Нераѕурите

Офанзивниот играч за врска на Интер, Хакан Чалханоглу, прифатил да го продолжи договорот со италијанскиот гигант. Турскиот репрезентативец имаше договор со Интер до 2024 година, а сега ставил потпис кој ќе го обврзе да остане на „Џузепе Меаца“ две години плус, односно до 2026 година.

Ова продолжување на договорот треба официјално да биде промовирано по завршување на утрешниот меч против Порто, во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Чалханоглу е еден од клучните фудбалери во играта на Интер. Сезонава веќе има одиграно 30 меча за Нераѕурите во сите натпреварувања, а постигна и три гола. Турскиот репрезентативец во Интер дојде од редовите на градскиот ривал Милан, каде што помина четири сезони, што значи дека Милано е многу добро познат град за него во кој живее веќе неколку години.

 

- Оглас -

Најнови вести