Док Риверс повика тајмаут и предизвика овации во чест на Новицки (видео)

Потег за почит направи тренерот на ЛА клипрес, Док Риверс, во победата над Далас со 121:112. На девет секунди пред крајот на мечот, беше јасно дека домаќините ќе остварат нов триумф, а Риверс го искористи својот последен тајмаут за да може да го испрати Дирк Новицки во легендите.

Сите присутни во „Стејплс центарот“ станаа на нозе и му аплаудираа на големиот Дирк, кој воедно запиша 1.500 настапи во дресот на Далас, во својата 21-ва сезона во НБА. Риверс го зеде микрофонот во рака и предизвика стоечки овации во чест на искусниот Германец.

„Не беше планирано, ние имавме предност и мечот беше решен, јас имав уште еден тајмаут и одлучив да го искористам само за Дирк. Ги заслужи овациите, тој е еден од најдобрите кои некогаш чекореле по НБА-терените“, истакна Риверс по мечот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести