Док Риверс влезе во „друштвото 900“, Кемба се расплака во Шарлот (Видео)

Лос Анџелес клиперс го победи Портланд со 107-101, што за тренерот Док Риверс беше 900-та победа во кариерата. Риверс е 13-тиот тренер во историјата на НБА-лигата кој може да се пофали со 900 триумфи. Инаку, во чест на 50-годишнината од формирањето на клубот, Клиперс носеше ретродресови од Бафало брејвс.

Бостон беше убедлив на гостувањето во Шарлот, што е шеста победа по ред за Селтикс, а овој меч ќе го памети Кемба Вокер, кој првпат настапи како гостин во Шарлот. Вокер за седум години во Хорнетс беше прв стрелец во нивната историја и доби специјален пречек и овации од публиката во Јужна Каролина.

- Оглас -

Најнови вести